Main fundraiser photo

Nothilfe Für Makedonien

Donation protected
За финансирање на “Бојкот претседателски избори” време е за конкретна акција! Како што денот за претседателски избори се наближува , така и отпорот преку бојкот завзема што поголем замав. После сите случувања и политички анализи, се доаѓа неминовно до заклучокот , дека сме предадени од скоро сите официјални политички парламентарни структури и акција е повеќе од потребна. Веќе неколку здруженија и партии во формирање го подржуваат Бојкот , како и мнозинството на македонскиот народ . Да ја поддржиме и овозможиме финансиски реализацијата на акцијата “Бојкот претседателски избори” која ќе овозможи потврда на волјата на народот за зачувување на Уставот на Република Македонија. Разни форми на активности се предвидени, како јавни трибини, агитација и комуникација со македонскиот народ. Зошто Бојкот? 1. Со тој чин на дејствување се дава одговор и предзнак на актуелната анти македонска влада и парламент , како и на меѓународната заедница, дека сите активности поврзани со нив се надвор од волјата на народот и де факто се антиуставни и антидржавни. Тоа политичко лудило започнато со 27 април 2017 не може и не треба повеќе да се толерира. 2. Со самото учество на изборите се погазува и одлуката од референдумот кое е наше најголемо средство за легитимирање на волјата на народот . Во било која ЕУ држава , неуспехот на референдум па и многу по несуштински одлучувања резултираат со оставка и пад на владата која ги распишала и тука завршува приказната. Нови парламентарни избори и знак дека со волјата на мнозинскиот дел од народот никој не може да тргува. Таква е политичката развршница во вакви случаи. Со бојкотот се делегитимираат сите соучесници во договорот во Преспа, вклучувајќи ја и конструктивната опозиција од ВМРО ДПМНЕ. Токму поради нивната неусогласена стратегија и немање цврст став за дејствување во парламентот, се дојде до одметнување на нивните пратеници и добивање на дво третинско мнозинство за изгласување на уставните промени. Бојкотот е одговор на народот дека секој оној политички субјект кој учествува против неговата волја , ќе биде казнет и нема да добие повеќе глас од него. Значи колку повеќе се однесува за владеачката структура , исто толку е важен и за политичката опозиција. Со политичкото напуштање на пратеничките места уште во јуни 2018, ќе се оневозможеше понатамошно деградирање и работа на парламентот во насока за уставни промени. Токму тој чин на политичка не зрелост и недостаток од национална стратегија на најголемата опозиционерска партија , не донесе до амбисот што се наоѓаме денес. Затоа енергична и конкретна порака со бојкотот се испраќа и на опозицијата дека е виновна и ќе сноси одговорност во иднина. 3. Изборите се распишани за Претседател на северна Македонија и тој кандидат ќе полага заклетва пред сегашниот устав на таа држава. 4. Функцијата претседател и изборот би бил легитимен само во услови на предвремени парламентарни со кои што би се започнал процес на легитимност и поништување на сите претходни договори на владеачката диктаторска структура. 5. Македонските патриоти и идни херои скапуваат во затворите поради нивната определеност и љубов за нацијата. Нивно ослободување и помилување е повеќе од потребно и неминовно. Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од нелегитимните пратеници и таканаречена влада. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во опшеството, отпорот и бојкотот станува основно средство на реакција и должност. Секогаш Македонија, никогаш Северна. Донации спрема можностите. Со почит ,

2 април, 2019, Виена-Женева-Брисел

Координативно тело за протести на Македонците од Европа”


Donate

Donations 

  • Iljo janev
    • €30 
    • 5 yrs
Donate

Organizer

Makedonische Christliche Religiöse Gemeinde Hl. Nikola
Organizer
Vienna

Inspired to help? Start a fundraiser for someone you know

Help someone you know by raising funds and getting their support started.

Your easy, powerful, and trusted home for help

  • Easy

    Donate quickly and easily.

  • Powerful

    Send help right to the people and causes you care about.

  • Trusted

    Your donation is protected by the  GoFundMe Giving Guarantee.