- S
Секој од нас заслужува иднина, но патот на Оливер Павлески во моментов зависи од сите нас. На Оливер му е потребна итна трансплантација на црн дроб, операција која е неговата единствена надеж за оздравување и враќање кај неговите најблиски.
Борбата е тешка, а времето не е наш сојузник. Сепак, веруваме во хуманоста и во моќта на заедницата кога е најпотребно. Ова не е само борба за здравје, ова е борба за живот!

