Main fundraiser photo

Коронавирус помош пакет за Македонија

Donation protected

Помош за социјално загрозените семејства: https://www.gofundme.com/f/gr8wt

Драги Македонци од цел свет. Денес, сега, во овој момент сме и потребни на нашата татковина! Кога заминавме од нашата земја за подобри животни услови, дома ги оставивме нашите постари генерации да се грижат за куќнината. Кога одиме дома на посета не пречекуваат со најтопли прегратки, готвени јадења и бескрајна љубов. Сите го користиме зборот дома, зошто една мила татковина имаме и таа секогаш ќе биде нашето дома. А нашите најмили постари генерации секогаш ќе бидат нашите домашни.

Драги Македонци, со срце и душа ве повикувам да направиме едно интернет здружение и да им помогнеме на нашите најмили. Во моментов нашите институции се соочуваат со недостиг на клучни материјали за заштита на нашите доктори, сестри и пациенти. Имаме ограничен број медицински персонал за кој мора да се погрижиме и максимално да ги заштитиме. Животот на нашите баби и дедовци е во нивни раце.

Додека Америка, Италија и Шпанија - земји со високо опремени здравствени установи едвај се соочуваат со вирусот, нашата мила татковина се подготвува за најлошото сценарио. Министерството за здравство секојдневно нарачува соодветна опрема но имаат потреба од секаков вид донација која може да се достави.

Нема да доставиме финансиски средства. Ќе доставиме опрема!

Веќе стапивме во контакт со министерството за здравство и добивме информации каков вид опрема е најпотребна во моментов.

Во контакт сме со лице задолжено за донации и имаме точна адреса за достава. Опремата ќе биде доставена брзо и ефикасно без царински постапки и останати препреки.

Погледнете ја листата на крајот од оваа изјава за точни информации од Министерството за Здравство.

За оваа цел веднаш стапивме во контакт со 4 фабрики во Ќина кои ни потврдија дека ќе ни овозможат опрема со брза достава по најповолна цена. За жал мораме да соработуваме со Ќина затоа што во овој момент само они имаат капацитет, брзина и достапна цена. Стапивме во контакт и со доставувачи во Индија но сеуште немаме информации дали можат да ги достават потребните продукти навремено.

Транспарентноста е исклучително важна во овој момент и вашата доверба ни значи многу. Затоа тука ќе ги објавуваме сите можни информации, разговори со министерството, разговори и плаќања со доставувачите, информации за пакетите и броевите за нивно следење. Ќе имате увид како е потрошен секој денар до последниот. Вашите донации ќе ги трошиме веднаш и со првите 1000 долари ќе почнеме да поставуваме нарачки.

Најниска моментална цена што успеав да преговарам:

N95 маски - $1.2 парче или 68 денари. Потребни се 1,000,000
Скафандери - $4 парче или 220 денари. Потребни се 500,000
Визири - $2 парче или 114 денари. Потребни се 500.000

Ве молам донирајте активно. Можеме веднаш да поставиме нарачки и фабриките можат да достават опрема во рок од 3-5 дена благодарение на DHL кои работат 24/7 и моментално се најбрзиот сервис за достава во цела Европа.

Приклучете се на Фејсбук групата тука: https://www.facebook.com/groups/213121199964896/




Organizer

Marko Spasovski
Organizer
San Diego, CA

Your easy, powerful, and trusted home for help

  • Easy

    Donate quickly and easily.

  • Powerful

    Send help right to the people and causes you care about.

  • Trusted

    Your donation is protected by the  GoFundMe Giving Guarantee.