НОВ КРОВ за манастирот Св.Вмч.Георгиј во с.Бучин
Donation protected
Здраво мои земјаци, мои македонци.
Во текот на ноќта на ден 19.мај.2021 во раните утрински часови украден е и уништен БАКАРНИОТ покрив на манастирот и насилно се разбиени сите врати од конакот (тремот) на манастирот Св.Вмч.Георгиј - с.Бучин.
Претходно години наназад, разбојници ги крадат парите и тоа нема да биде за жал ни последен пат, доколку сега не превземеме нешто сериозно. Затоа ве замолувам за оваа хуманитарна акција да ја поддржеме сите и да го вратиме повторно извонредниот изглед нашиот духовен храм. Средствата ќе бидат распределени за потребите на манастирот т.е нов покрив и видео надзорен систем во него и санирање на штетите.
Мои драги сограѓани, јас Филип Петрески од с. Бучин кој живеам моментално во Германија, самоиницијативно ја отворив оваа кампања за собирање на средства за манастирот Св. Вмч. Георгиј во с. Бучин.
Сите можни собрани средства ќе бидат уредно документирани и испратени на манастирскиот одбор во с. Бучин, ќе биде споделен видео запис и список со собраните средства.
Во прилог го споделувам линкот од Фб групата Манастир Св. Вмч. Георгиј - Бучин https://www.facebook.com/groups/443591655682356/
А за сите оние пак, кој не го знаат манастирот, не го посетиле не имале можност и не слушнале за бројните чуда на овај светец, ве замолувам да го погледнете видеото поставено на YouTube т.е познатата Христијанска и Духовна тв - серија:
"По делата ќе те препознаам" која се однесува за манастирот Св.Вмч.Георгиј во с.Бучин.
https://youtu.be/z33g05W9nao
Да сте ми живи и здрави, и од Бога благословени
Бог помеѓу нас, е и ќе биде. ❤️

Organizer
Filip Petreski
Organizer
Pfullendorf